Заживеј го граѓанинот за да живее државата!
Промоција и заштита на човековите права, демократија и граѓански слободи во Северна Македонија, за создавање праведно и одржливо општество. Партијата се залага за унапредување на индивидуалните и колективните права и слободи без компромиси.
Реформа на правниот систем, редефинирање на законската рамка за да биде стабилна, функционална и базирана на човекови права, со цел правна сигурност, ефикасност и меритократија во вработување и напредување.
Градење транспарентни, отчетни и функционални институции; промоција на партиципативна и непосредна демократија; максимално професионализирање на јавната администрација и намалување на партиското влијание.
Политика за економски раст која намалува нееднаквост, ја поттикнува продуктивноста, иновациите и социјалната правда, со оданочување засновано на реални приходи и посебна поддршка за малите и средни бизниси и земјоделство.
Гарантирање на правото на достоинствен живот преку реформа на социјалната заштита, поддршка за ранливи категории граѓани, елиминирање сиромаштија и обезбедување еднаков пристап до храна, дом, здравство и образование.
Создавање сеопфатен, инклузивен и интегриран образовен систем кој го развива целосниот потенцијал на секој ученик, промовирајќи критичко мислење, иновации и мултикултурализам, со прилагодување на глобалните стандарди кон македонскиот контекст.
Заживеј го граѓанинот за да живее државата!

ПОДАДЕНИ РАЦЕ
ПОСЕТЕНИ СЕМЕЈСТВА
УЧЕСТВА НА ИЗБОРИ
ЛИСТИ НИЗ МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТИНИ