Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101/2019), член 1 и 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 04.03.2020 г.), политичката партија Движење за демократија права и слобода ги подготви и објавува:
- Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Северна Македонија и актите на политичката партија (на пр. Статут на политичката партија и др.);
- Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа: назив, адреса, телефонски број, е-мејл адреса и адресата на интернет страницата;
- Податоци за претседателот на партијата (биографија) и основни податоци за органите на партијата;
- Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии (Закон за политички партии, Закон за финансирање на политичките партии, Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер);
- Информации кои се однесуваат на приходите од Буџетот на Република Северна Македонија (чл. 9 и чл. 10 од Законот за финансирање на политичките партии);
- Информации кои се однесуваат на приходите од членарината;
- Информации кои се однесуваат на Регистарот на донации, односно Извештај за добиените донации;
- Годишен финансиски извештај (за претходната година, кој се доставува до ДЗР и УЈП согласно чл. 27 од Законот за финансирање на политичките партии);
- Информации кои се однесуваат на приходите од продажба на промотивен и пропаганден материјал;
- Информации кои се однесуваат на сопствените приходи на политичката партија, на пр. од закупнина на движен и недвижен имот на партијата, камата на депозит депониран во банка, приходи од печатени или други изданија и др.;
- Информации кои се однесуваат на приходите од кредит/и, односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партијата ако обезбедува средства од кредит (посебна жиро сметка);
- Информации кои се однесуваат на приходите добиени од Министерството за правда за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри (чл. 10-а од Законот за финансирање на политичките партии), односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партиско истражувачко-аналитичкиот центар на партијата (посебна жиро сметка);
- Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за првите 10 дена од изборна кампања;
- Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за изборна кампања;
- Вкупен финансиски извештај со спецификација за приходите и расходите во изборна кампања по одржани избори;
- Ревизорски извештај од извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија на финансискиот извештај на политичката партија од изборна кампања по одржани избори;
- Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година;
- Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на Република Северна Македонија, согласно член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.