Пристапница
Се формираше Движење за демократија, права и слобода
Движење за демократија права и слобода (ДПС) e новата партија на политичката сцена во земјава, која пред неколку дена одржа основачко собрание во Битола. На основачкото собрание, за претседател на ДПС е избран граѓанскиот активист Един Јакуповиќ. Како што соопштуваат од новата партија, членовите на ДПС, главно, се без претходен политички ангажман, кои, како што се наведува, ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела. ПОВЕЌЕ: Движење за демократија, права и слобода - нов субјект на политичката сцена - 360 степени