Пристапница
ДПС и ДОМ во заедничка коалиција за локалните избори
Движењето за демократија, права и слободи (ДПС) ја информира јавноста дека на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Демократската обнова на Македонија (ДОМ). Коалицијата ќе настапи под името „Коалиција за зелена иднина“, обединета околу заедничка визија за одржлив локален развој, транспарентно управување, заштита на животната средина, еднакви можности за сите граѓани и подобар квалитет на живот во секоја општина. Со ова партнерство, ДПС и ДОМ ја потврдуваат својата заложба за одговорни политики, меѓусебна соработка и градење на локални заедници во кои интересот на граѓаните ќе биде на прво место. Во наредниот период ќе бидат претставени програмските приоритети, кандидатите и конкретните мерки со кои „Коалиција за зелена иднина“ ќе настапи пред граѓаните на локалните избори.